• среда, 18 декември 2024

Мицкоски: За францускиот предлог е преговарано многу порано

Мицкоски: За францускиот предлог е преговарано многу порано
Скопје, 22 јуни 2022 (МИА) - Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не верува дека премиерот Димитар Ковачевски во Брисел ќе каже „не“ на францускиот предлог бидејќи, како што рече, СДСМ и Владата биле запознаени со предлогот многу порано. - Да не се лажеме дека предлогот не е претходно договорен. Овој предлог не можел да дојде до овде, до каде што е, доколку претходно не е преговарано за него, рече Мицкоски на вечерашното гостување на телевизија Алфа. Според него, францускиот предлог не значи почеток на преговорите за земјава, туку следуваат други исполнувања на државата во однос на бугарските барања. - Оваа преговарачка рамка што ни се нуди и која е дел од овој предлог, не е почеток на преговорите и тоа треба да им е јасно на граѓаните. Ова е почеток на преговорите за Албанија која нема вакви хегемонистички и идентитетски услови што треба да ги исполни. Ние не можеме да отвориме поглавја со овој предлог бидејќи треба дополнителни услови да исполниме, рече Мицкоски. бак/

Остани поврзан