• сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски за средбата со „Рош“: Се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени

Мицкоски за средбата со „Рош“:  Се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени

Скопје, 9 ноем ври 2024 (МИА) - Се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени, вака накусо премиерот Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање околу неговата вчерашна средба со раководството на компанијата „Рош“.

-Во напредна фаза сме, станува збор за една од првите три комапнии во светот која тука одреден период не беше пристуна. Конечно, се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкуреннти цени. Тоа не значи дека ќе го намалиме обемот на средства што ќе се инвестират. Обемот ќе остане ист, поентата е во намалувањето што ќе го добиеме, да го зголемиме бројот на осигурениците кои бесплатно ќе ја користат таа услуга. Се обидуваме со стратегија, директно во разговори со големи гиганти и производители на лекови, да обезбедиме конкурентни ниски цени, да не биде како до сега, цените да се зголемуваат, па да се празни Фондот, објасни Мицкоски.

Тој потсети дека на почетокот од мандатот, оваа Влада ја прошири позитивната листа со лекови.

-Заштедивме неколку милиони евра на граѓаните. Лично сум вклучен во делот на здравството и следниот период ќе работиме на подобрување на услугите, но и на услвоите за работа на здравствените работници. Почнавме темелни преговори со синдикатите. Неделава очекуваме напредок, за кон крајот на неделата да излеземе со уште едно решение за проблемите напластени со годините. Целта е граѓаните да добијат врвни здравствени услуги, повтори Мицкоски. мч/сст/

фото: принт скрин

Остани поврзан