• недела, 24 ноември 2024

Мицкоски за посетата на Ескобар: Добредојден е секој добронамерен соговорник

Мицкоски  за посетата на Ескобар: Добредојден е секој добронамерен соговорник

Скопје, 23 август 2023 (МИА) - Добредојден е секој добронамерен соговорник и секој кој сака да ги слушне аргументите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оцени денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски во пресрет на посетата на заменик-помошникот државен секретар на САД Габреил Ескобар на Скопје.

-Како и секоја друга посета. Изминатиот период имавме многу посети од високи странски претставници. Ќе ги слушнеме аргументите од таа страна, ќе ги кажеме нашите аргументи, отприлика содржината на тој состанок се наѕира, ја знаеме што е, така што секој добронамерен сдоговорник е добредојден, секој кој сака да ги слушне аргументите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на народот е добредојден. Тоа што сега власта се обидува посетата на на Ескобар да ја претстави, условно кажано, како дипломатски булдожер којшто тука е повикан од Владата за да врши тортура и притисок, е веќе слабост на овие криминалци во Владата. Тортура и притисок во 21-от век веќе никој не врши, а и да вршат тогаш одбрале погрешни соговорници, рече Мицкоски, на новинарско прашање при посетата на Велес. 

Според Мицкоски, за неколку месеци ќе има нова Влада и нова реалност, а власта, како што оцени, треба да прифати предвремени парламентарни избори затоа што не можат да го испорачаат тоа за што презеле обврска надвор од легитимитетот.  

Во коментар на изјавата на американската амбасадорка Анџела  Агелер дека граѓаните треба да им дадат до знаење на политичарите дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ, Мицкоски рече дека  се согласува „со изјавата на амбасадорката  и оти граѓаните се тие што се суверен во оваа држава и тие треба на избори што би се случиле час поскоро да излезат и да кажат -Да за Европската унија, но и да го одберат решението како до тоа Да до ЕУ“. лв/ад/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан