• недела, 24 ноември 2024

Мицкоски: Европски ли е кога Ахмети викаше УЧК во Скопје, со СДС и ДУИ се подрива идејата за ЕУ

Мицкоски: Европски ли е кога Ахмети викаше УЧК во Скопје, со СДС и ДУИ се подрива идејата за ЕУ

Кочани, 27 април 2024 (МИА) – Додека се колнат во ЕУ - ја купуваат Соравија, додека зборат за правда - делат шамари во контролата на летање во Скопје. Народот гладува, а тие си слават родендени во државни институции. СДСМ не се огради од криминалот на ДУИ, ниту пак има намера, а од ДУИ го употребуваат наративот дека биле европска партија додека џебовите им се полни со европски пари, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Кочани.

-Да ги прашам во ДУИ, затоа што и Ковачевски продолжува да молчи, дали кога Али Ахмети викаше среде Скопје УЧК, УЧК е европски чин? Дали тоа доликува на европскиот фронт на ДУИ – СДСМ?. Нивното однесување ја подрива европската идеја, тие стануваат минери на европската идеја во Македонија, народот нив не ги идентификува со Европа и има европски функционери кои се срамат затоа што ЕУ не е олицетворение на корупција на ликовите какви што се Артан, Мерко и Талат, истакна Мицковски.

Најавувајќи дел од програмските определби за идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, тој нагласи дека таа силно ќе се посвети и ќе работи на подобрување на неповолната демографска состојба во државата.

-Демографската слика ни е многу важна, семејството ни е многу важно затоа што сето ова што заедно со народот го правиме и ќе го правиме, ако нема дечиња коишто се раѓаат во градовите и селата, ќе нема кому да му го оставиме и чуму тогаш да го работиме. Вие сте нашиот мотив и многу е важно сите ние да работиме на подобрување на демографската слика и на семејството како основен столб на суверенитетот и унитарниот карактер на Македонија. Во нашата платформа предвидуваме до шест бесплатни инвитро интервенции за младите мајки, а за секоја мајка и првородено дете ќе има поврат на данокот којшто е платен на доход во рок од една година, ако просечна плата е меѓу 30 и 40 илјади денари, тоа за мајката ќе значи 40 илјади денари на трансакциска сметка. За второродено дете во рок 2 години ќе го враќаме данокот платен на доход и тоа е до 80 илјади денари, а за третородено дете ќе биде секоја година вратен уплатениот данок на личен доход се додека највозрасното дете не наполни осумнаесет години, додаде Мицковски.

На митингот во Кочани зборуваа и носителот на листата во Третата изборна единица, Драган Ковачки и кандидатот за пратеник од Кочани, Миле Лефков, кои меѓу другото најавија проекти што идната влада ќе ги реализира во општините од источниот регион.

Предизборниот караван ма ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За твоја Македонија“ вечерва беше и во Виница, каде исто така се одржа митинг на кој беше побарана поддршка од гласачите и за кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова.та/вј/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан