• сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски до Беџети: Ветингот е ставот, а позади завесата е тефтерчето од каде доаѓаат одлуките од Мала Речица

Мицкоски до Беџети: Ветингот е ставот, а позади завесата е тефтерчето од каде доаѓаат одлуките од Мала Речица

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница одговарајќи на прашање на пратеникот од ДУИ Блерим Беџети во однос на одлуките на Уставниот суд и ветингот истакна дека за ДУИ ветингот е ставот, но позади завесата е тефтерчето од Мала Речица од каде доаѓаат одлуките. Мицкоски при тоа потенцира дека започнуваат реформите во судството и обвинителството и дека тие конечно ќе бидат ослободени.

-За Уставниот суд, мислев дека се шегувате, мислев дека е провоаприлска шега, но шегата да ја оставиме за друг пат. Во услови кога не постои човек кој верува дека немаме партизација во судството, дека Уставниот суд е класичен пример како изгледаше Кацарска судството, вие велите дека ВМРО-ДПМНЕ прави притисок. Сите тие судии се избрани со мнозинството на тие кои сега се опозиција, ДУИ и СДСМ. Тогаш може да кажете дека ВМРО-ДПМНЕ има голема улога врз носењето на одлуките во Мала Речица па поставувате вакви прашања да ние добиеме политички поени, кажа Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Беџети кој обвини за влијание врз судот.
 
Според премиерот Мицкоски, ДУИ се тие кои не треба да прават притисок врз Уставниот суд и другите судови.
 
-Влијанието кое сè уште се чувствува во судско - обвинителскиот систем кај нас конечно го департизираме и тоа ни е цел. Ќе го направиме тоа, имаше период кога чекавме предлози, сугестии, како одговорна влада сакавме да слушнеме, но за жал не добивме ниту една сугестија која цениме дека може да биде аплицирана. Следната недела ќе имаме координација и започнуваме со реформите. Почнуваме со реформата во Судскиот совет, па Совет на јавни обвинители, најави премиерот Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на случувања во Академијата за судии и јавни обвинители, каде вели, браќа, братучеди на поранешни блиски соработници на поранешниот министер за внатрешни работи, сестри на пратеничка од СДСМ и претседателка на Унија на жени на СДСМ е дел од Управниот одбор.
 
-Состојбата е алармантна во судството и верувајте дека набрзо оваа Влада ќе направи чекор на кој сите ќе бидат горди и ќе се забележи во следниот извештај за напредок од страна на Европската Комисија, рече Мицкоски. вг/аа/

Фото: принтскрин

Остани поврзан