• недела, 24 ноември 2024

Мицкоски: Доаѓаат подобри денови за Прилеп со новиот градоначалник Борче Јовчески

Мицкоски: Доаѓаат подобри денови за Прилеп со новиот градоначалник Борче Јовчески
Скопје, 9 октомври 2021 (МИА) - Прилеп не го заслужува ова денешно тешко секојдневие, мачно секојдневие, ова денешно тешко политичко мочуриште кое што го живее и Прилеп и прилепчани. Затоа сме тука да им ја пренесеме нашата порака на прилепчани дека не треба да се разочаруваат, не треба да очајуваат, најдобрите години допрва доаѓаат за Прилеп, со новиот градоначалник доктор Борче Јовчески, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. - Очекуваме една голема победа на доктор Борче Јовчески овдека уште во првиот круг, уште на 17-ти октомври, а потоа нормално многу работа затоа што има многу работи кои што треба да се исправат кои што изминативе четири години беа погрешни, изминативе четири години беа недостоинствени за Прилеп и за прилепчани, рече Мицкоски од Прилеп. Од она кое што можев да го слушнам денеска од прилепчани, рече тој, навистина тешко се живее, луѓето се незадоволни од ова секојдневие и даваат поддршка. - Но, затоа сме тука да упатиме порака дека иднината доаѓа, дека промените, проектите и победите се тука. И дека заедно на 17 октомври треба да создадеме нова заедничка просперитетна иднина која што ќе ги отвори можностите за сите граѓани вклучително и за Прилеп и за прилепчани, нагласи Мицкоски. мс/бк/

Остани поврзан