• сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски: Ден на албанската азбука – симбол на образованието, културното богатство и напредокот на еден народ

Мицкоски: Ден на албанската азбука – симбол на образованието, културното богатство и напредокот на еден народ

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Денес, со почит се собравме заедно да го одбележиме Денот на албанската азбука – симбол на образованието, културното богатство и напредокот на еден народ, објави на неговиот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски.

- Овој ден, 22 ноември, нè потсетува на Конгресот во Битола, одржан во 1908 година. Таму, со мудрост и единство, интелектуалците донесоа одлука која ќе го трасира патот на албанскиот јазик кон иднината – создавањето на единствена и стандардизирана азбука. Оваа одлука не беше само лингвистичка, тоа беше акт на создавање на иднина и едно културно обележје. Писменоста и образованието не се луксузи – тие се основни права и најмоќни инструменти за трансформација на нашето општество. Нивната важност не може да се измери со бројки, но нивното влијание се гледа во подобриот живот на секој поединец и во напредокот на целата заедница, напиша на фејсбук Мицкоски.

Порача дека треба да вложуваме во писменоста, да ги отвораме вратите на образованието за сите, да создаваме општество во кое знаењето ќе биде најсилната валута. Само така можеме да изградиме држава што ќе биде подготвена за иднината. цр/са/

Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Остани поврзан