• среда, 18 декември 2024

Мицкоски: Даваме 25 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“, се делат финансии за општини со мнозинско албанско население и други проекти

Мицкоски: Даваме 25 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“, се делат финансии за општини со мнозинско албанско население и други проекти

Скопје, 17 декември 2024 

Премиерот Христијан Мицкоски на гостувањето во магазинот Клик плус на Телевизија 21 од присутните гости беше запрашан како ги коментира критиките од политичките противници дека води антиалбанска политика и дека многу помалку го интересираат прашањата поврзани со етничките Албанци во Македонија по моделот од минатото „од Групчин натаму“.

„Мој интерес се околу 26 илјади километри квадратни територија на целата држава. Тоа го поткрепувам со дела. Како прв човек на владата тие 250 милиони евра кои што треба да одат кон општините одат под ист критериум и во Штип и во Тетово и во Карбинци и во Боговиње, и во Радовиш и Струмица и во Гостивар и Кичево. 


Не само што не ги двоиме етнички општините и проектите, туку им велиме на градоначалниците направете проекти. Како вие ќе ги направите, така ние ќе ви ги финансираме.“, одговори Мицкоски.

Премиерот истакна дека во работењето и поддршката на Владата никогаш не е правена разлика дали се работи за градоначалници од ДУИ, Вреди, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ.

„25 милиони евра одвоивме од буџетот за финансирање на универзитетот Мајка Тереза. Знаете колку бев нападнат од моите колеги од скопскиот универзитет? Знаете колкави беа ударите од колегите од универзитетот Свети Кирил и Методиј врз мене? Или тоа никого не го интересира, бидејќи тоа не се споделува во тој микро космос? Еве ќе ви дадам уште примери. Во министерството за животна средина беа заглавени проекти за водоводи, канализации. Зошто? Затоа што мнозинството на градоначалници претходната влада ги третирала како отпадници, бидејќи биле од ВМРО-ДПМНЕ. Изет не рече не им давам на овие од ДУИ. 


Излезе човекот и рече сите конкурирајте сите ќе добиете.“, рече Премиерот Христијан Мицкоски и дополни дека никогаш на седница на влада не била донесена одлука со надгласување, туку со заеднички разговор и консензуално.  

Од друга страна, според премиерот Мицкоски, ДУИ играат на картата на етничка поларизација и тоа е мошне погрешно, бидејќи немаат да кажат што реализирале изминатите 20 години во економијата, образованието или здравството.  

„Оваа Влада не е влада за да понижи некого, а друг да глорифицира. Ова е влада која треба на граѓаните без разлика на нивната етничка припадност, да им обезбеди подобар живот.“, рече Мицкоски и додаде дека во овие 6 месеци од нула позитивно мислење за него меѓу Албанците, сега тој процент е 25%.

Мицкоски: Се манипулира со темата Балансер, ЕУ констатира дека Балансерот е злоупотребен од минатата власт и работиме на ново решение

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 говорејќи околу укинувањето на балансерот истакна дека на оваа тема се манипулира дека истиот беше проблем на ВМРО-ДПМНЕ, а реалноста е дека во извештајот на ЕУ се констатира дека истиот е злоупотребен и треба да се замени со нешто функционално.

„Проблемот е во скрининг извештајот на ЕУ. Таа констатира дека балансерот е злоупотребен, дека му поминала таканаречената употребна вредност и дека треба да се замени со нешто коешто ќе има. Ние не стоиме и не чекаме, туку работат групи да направат закон за правична застапеност кој што ќе биде уставен и за бргу ќе се најде пред пратениците во Парламентот.“, истакна Мицкоски и додаде:

„Немојте да мислите дека ние сакаме да бидеме влада којашто ќе јава на полето на фрустрацијата што ќе се креира кај граѓаните.“

Тој исто така додаде дека оваа Влада со рамноправната распределба на 250 милиони евра на општините без истите да се двојат врз основа на етничка или политичка припадност како што правела минатата власт, на најдиректен начин покажа дека нејзин приоритет се сите граѓани кои живеат на територија на целата држава.

„Нема изјава во којашто не сум кажал дека мој интерес е скоро 26 илјади километри квадратни територија на цела држава и тоа го поткрепувам со дела. Еве како прв човек на Владата тие 250 милиони евра коишто треба да одат кон општините одат под ист критериум и во Штип и во Тетово и во Карбинци и во Боговиње, и во Радовиш и Струмица, и во Гостивар и Кичево. И одиме чекор понатаму, не само што не ги двоиме етнички општините и проектите, туку им велиме на градоначалниците, господа градоначалници направете проекти, како вие ќе ги направите така ние ќе ви ги финансираме.“, подвлече Мицкоски и додаде:

„Не правевме разлика дали се тоа ДУИ, градоначалници коишто доаѓаат од ВРЕДИ или ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Сите добија. Сите коишто дадоа проекти, добија проекти коишто ги финансира оваа држава и ние тоа го покажавме на директен начин.“

 

Со почит,

Сектор за односи со јавноста
Генерален секретаријат

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Влада 


 

Остани поврзан