• недела, 24 ноември 2024

Мицкоски: Граѓаните и ЕСМ се оштетени за околу 22.000.000 денари

Мицкоски: Граѓаните и ЕСМ се оштетени за околу 22.000.000 денари
Скопје, 27 август 2022  Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ - дел 1!!! ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 20 до 26 август од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1750 MWh. Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 303,75 €/MWh! За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 506 €/MWh или по денови: 20/Август 463 €/MWh 21/Август 346 €/MWh 22/Август 481 €/MWh 23/Август 534 €/MWh 24/Август 570 €/MWh 25/Август 535 €/MWh 26/Август 612 €/MWh Разликата во цена е: 1750 MWh x (506-303,75)€ = 353.937€ Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 7 дена се оштетени за околу 22.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан