• среда, 18 декември 2024

Мицкоски во вторник во Брисел: Повеќе отстапки немаме намера да правиме, ќе продолжиме да промовираме европски вредности

Мицкоски во вторник во Брисел: Повеќе отстапки немаме намера да правиме, ќе продолжиме да промовираме европски вредности

Скопје, 14 декември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во вторник заминува за Брисел, се враќа во четврток, а за пораките од таму вели дека не се баш така јасни, но нашата порака е јасна дека ние доволно направивме како ниту една држава во ЕУ.

- Ние ќе продолжиме да промовираме европски вредности, ќе си ја вршиме домашната задача, ако се подготвени да најдеме конструктивно решение и да го продолжиме патот во ред, во секое време сме подготвени позитивно да одговориме на таквото барање, во спротивно можам да заклучам дека ние како држава, Балканот, за жал не сме во во фокусот на оваа админситрација на Брисел, изјави премиерот Мицкоски денеска од село Таринци во Општина Карбинци, каде што присуствуваше на поставување камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“.

Тој потенцира дека ние имаме целосно усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ и потсети дека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, тоа го потпишале со високиот претставник на ЕУ, кој сега не е во новата админситрација.

- Реформите ги правиме согласно мониторингот на Европа и така ќе продолжиме. Ние не сме опасност, ние сме под чадорот на ЕУ и бидејќи таму во Брисел има политичари кои одлучија да бидат заложници на политичари кои се уште се со мислите во средниот век, наместо да гледаат кон 21 и 22 век, ние повеќе отстапки немаме намера да правиме додека сме влада. Ако си најдат некоја друга влада тогаш нека си ја донесат, нека прави. Ова влада такви отстапки нема да прави затоа што не е аргументот - тоа е тоа, знаете 27 се така. Тој  аргумент не води таму каде што сме денеска, дециден беше премиерот.

Се осврна на тоа, како што рече, што една на друга земја по принципот на Бугарија, а порано во минатото Грција, си ставаат вето. Според него, сега прашањето е дали ако еднаш направите преседан, потоа тој преседан станува пракса. Гледаме, истакна Мицкоски, дека таму тоа станува пракса и ја води ЕУ таму каде што не треба, секој ден некој некому поставува вето и поставува некаков ултиматум и тоа не е добро. цр/са/

Фото/видео: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан