• среда, 25 декември 2024

Мицкоски: ВМРО - ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Мицкоски: ВМРО - ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Ставот на ВМРО - ДПМНЕ е принципиелен и јасен во однос на уставните измени и тоа го знае и Европа и целиот свет, истакна лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на коалицискиот партнер ВРЕДИ дека останува шест месечниот рок за уставни измени, Мицкоски повтори дека не функционира со ултиматуми и рокови.

- Не, јас со рокови и ултиматуми не функционирам во животот. Нашиот став е принципиелен и јасен и тоа го знае и Европа и целиот свет. И во програмата на партијата беше на изборите. Ние добивме гласови од граѓаните, не добивме гласови како резултат на ултиматуми. Така јас не функционирам, ниту пак ВМРО - ДПМНЕ, рече Мицкоски по одбележувањето 102 години од постоењето на Стопанската комора.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска му одговори на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче во врска со барањето за носење нов Кривичен законик, нагласаувајќи оти нов КЗ ќе се донесе, но

Во однос на прашањето дали државата ќе побара внесување на македонците од Бугарија во бугарскиот Устав премиерот посочи дека најпрво треба да се почне со имплементација на пресудите од Судот за човекови права.

- Ние како држава и како политичка партија имаме јасен став поврзан со одност на Бугарија кон македонската заедница таму. Имаме 14 пресуди од Судот за човекови права, што се однесуваат за македонската заедница и ниту една не е имплементирана. Треба од таму да поченеме. Не можете во животот да почнете од третиот чекор, треба од првиот чекор да почнете. Од таму да почнеме, да не зборуваме за ветувања, кои се невозможни. Еве овие 14 пресуди, не мора ни сите, дел од нив да ги имплементираме. Тоа е наша позиција поврзана со тоа прашање, рече Мицкоски. сс/ац/

Фото: Принтскрин/МИА архива

Остани поврзан