• четврток, 19 декември 2024

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е фаворит на следните парламентарни избори

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е фаворит на следните парламентарни избори

Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) - Бројките на мерењата на јавното мислење, т.е. анкети јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е фаворит на следните парламентарни избори. Бројките на анкетите се такви какви што се, јавноста ги знае, ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за следните парламентарни избори коишто ќе се случат за нешто помалку од или би рекол нешто повеќе од 2 месеци, некаде околу 44-45 дена имаме до почеток на кампањата за првиот круг претседателски избори, вели претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

-ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за следните парламентарни избори кој ќе се случат за нешто повеќе од 2 месеци. Некаде околу 44-45 дена имаме до почеток на кампањата за првиот круг на претседателски избори, вели Мицкоски во гостување на утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија, истакнувајќи дека е огромна разликата и оти таа е повеќе од 2:1 и таа ќе биде уште поголема односно 2,5 спрема 1.

Според него, гласот на народот е практично прикажат преку тие бројки не мерењата на јавното мислење и од тие бројки се гледа дека едно огромно мнозинство 3 / 4  од луѓето се незадоволни од квалитетот на животот и мислат дека Македонија се движи во погрешна насока и оти  треба да има промени. Бројот на граѓаните кои се задоволни, додава, е едноцифрен.

Тој во гостувањето посочува дека потешкиот дел допрва доаѓа затоа што, како што нагласува, граѓаните се разочарани и сите заедно се сложуваат дека немаме држава, дека тешко живеат и дека мора да се врати надежта.

-Но тоа е само полесниот дел ја би рекол во целата оваа политичка состојба затоа што потешкиот дел доаѓа потоа бидејќи од тоа што можеме да го видиме на тие анкети, граѓаните се прилично разочарани, сите се сложуваат околу една работа, дека немаме повеќе држава, сите се сложуваат дека имаат чувство дека како да се граѓани од втор ред, сиромашно тешко живеат, кажа Мицкоски.

Во гостувањето претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврнува и на проблемот со издавањето патни исправи веќе знаело претходното раководство на МВР дека нема пасоши, не направиле подобра организација и граѓаните плаќаале непотребно за документи кои сега треба да ги заменат.

-Еве конкретен пример имаме сега со пасошите. Имаме сега условно кажано нова постава во Министерството за внатрешни работи и ако ништо друго барем редот, она понижување што го трпеа граѓаните, оној метеж кој што беше таму, го нема. Се чека да, но не се чека од наутро до доцна навечер, туку се чека по 10-15 или 20 минути, потенцираше Мицкоски.

Тој, исто така, додава дека тука се поставува прашањето зошто претходното раководство, кога веќе знаело и презело обврска, не само што подобро не се организирало врз основа на капацитетот на машините, туку и по преземената обврска во МВР продолжиле да издаваат документи за кои сега граѓаните треба повторно да се изложуваат на трошок за менување.

-Зошто претходното раководство тоа не го направило? Зошто кога знаеле и кога преземале обврска дека треба тоа да го направат не направиле план за да ова денеска нам да не ни се случи? Затоа што е многу едноставна работата. Капацитетот на машините со коишто се издаваат тие патни исправи е таков да годишно можат да се издадат 500-600 илјади. Ако вие знаете дека треба, еве не повеќе од 2 милиони да издадете, вас ќе ви бидат во идеални случаи потребни 3, 3 ипол, 4 години, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, додава тој, се поставува прашањето зошто граѓаните кои ваделе документи во 2019 и 2020 година не извадиле согласно тој договор којшто бил прифатен и зошто сега тие граѓани повторно сега ние да ги изложуваме на трошок и повторно да плаќаат. сст/лв/

фото ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

 

 

 

 


       

 

Остани поврзан