• среда, 25 декември 2024

Мицкоски: Власта вршела директен поткуп на гласачите за време на изборниот процес

Мицкоски: Власта вршела директен поткуп на гласачите за време на изборниот процес
30 јули 2020  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа вели дека власта вршела директен поткуп на гласачите за време на изборниот процес, додавајќи дека дури се случувало парите кои што биле наменети за поткуп да бидат украдени, но веднаш да донесат нови пари. Пример кој што се кажува низ кулоарите да речеме во Кавадарци каде што лице кое што требало да подели 12 милиони денари за поткуп во Кавадарци, Неготино и Демир Капија ги земало парите кои што биле наменети за поткуп и потоа исчезнало. Па дошле неколку дена група од родниот град на претседател на една политичка партија, па таа група не успеала да го најде и веднаш донела нови 12 милиони денари, посочи Мицкоски. Мицкоски истакна дека еден претставник од ВМРО-ДПМНЕ се соочил со тоа верски лидер да го праша дали носи „рушвет“ посочувајќи му дека нивниот политички противник донеле како што рече тој „рушвет“ и дека таму само тоа поминува. Наш претставник, би рекол носител на листа оди во посета на верски лидер во тоа населено место и верскиот лидер му вели дали носи пари за рушвет, буквално вака, овој му вели молам како, што? Па ете дали носиш пари за рушвет бидејќи вашите политички противници поминаа утрово и донесоа, а тебе те примам зошто те носи овој и овој човек. И навистина кога ќе се соочите со една таква работа, со оној институционален но и вонинституционален начин на однесување, тогаш можете да кажете и буквално преку докази да презентирате многу случаи. Но, за жал сето тоа не оценувам дека ќе биде предмет на опсервација во скоро време од страна на обвинителството бидејќи за нив се поинтересни некои други работи, вели Мицкоски.  Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.    

Остани поврзан