• вторник, 12 ноември 2024

Мицкоски: Бошњаците во Македонија се значаен чинител во градењето на иднината на државата

Мицкоски: Бошњаците во Македонија се значаен чинител во градењето на иднината на државата

Скопје, 28 септември 2023

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на бошњачката етничка заедница во Македонија им го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците.

Бошњаците во Македонија со нивниот јазик, култура и посебност даваат дополнително значење нашето мултикултурно општество и како такви се исклучително значаен чинител во градењето на нашата заедничка татковина Македонија.

Македонија е пример на толеранција и соживот помеѓу граѓани од различни етнички, верски и јазични припадности, кои и во минатото и во сегашноста, но и во иднината заедно ги делеле и доброто и лошото во државата, но и кои знаеле заедно да застанат сплотени, да си помогнат и да ја градат својата и заедничката судбина тука во Македонија.

Она кое што не тишти сите нас заедно денес е бесперспективноста и сиромаштијата на секој еден граѓанин. Тоа за жал предизвика егзодус на многу наши сограѓани, кои побараа подобар живот во странство поради неспособноста на власта тоа да им го овозможи тука. Ова е една од маките која сите нас не обединува денес тука, и Македонци и Бошњаци и сите останати и тоа мора да биде причината поради која мораме да застанеме уште посплотено, да ги обединиме сите наши сили и капацитети да ја издигнеме Македонија од очајот во кој власта ја закопа. Борбата против корупцијата и криминалот, како современа рак рана на нашето општество, е обврска на секој граѓанин, на секој родољуб кој си ја сака Македонија и затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ подаваме рака кон секој во таа наша заедничка битка.

Нека е честит Меѓународниот ден на Бошњаците.

Нека е вечна борбата за напредна и успешна Македонија.

 

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан