• вторник, 24 декември 2024

Мицкоски: Антикризни мерки на хартија има, во пракса ништо нема

Мицкоски: Антикризни мерки на хартија има, во пракса ништо нема
Скопје, 19 април 2021  -Мерките анти-Ковид не се доволни, ако зборуваме за тоа да ги санираат последиците од Ковид пандемијата не се доволни, треба многу повеќе, но тоа може да се разговара со разумни луѓе кои слушаат овие не слушаат, полни се со фрустрација, инает, его итн. Но, вакви какви што се мерките подобро да стигнат онаму каде треба, отколку никакви мерки, посочи вечерва во интервју претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во Клан телевизија. Мицкоски посочи исто така дека помош нема за такси возачите, за индустријата за евенти, а барем еднаш неделно тие луѓе протестираат пред Владата, тој вели дека многу категории на граѓани се испуштени од оваа помош. -Познавам луѓе кои се занимаваат со угостителската дејност тие не знаат по 14 месеци веќе како да поделат елементарна плата за вработените, а камо ли за нешто повеќе, затоа што нема помош, вели Мицкоски. За петте пакети на мерки Мицкоски рече дека во тие 100 милиони се вклучени и пари од Европската инвестициона банка коишто преку Македонската развојна банка да бидат поделени кон компаниите, и тие пари треба допрва да дојдат тие се на хартија напишани, но во пракса ги нема. -На лидерската зборевме за тие пари веднаш кога ќе дојдат да се поминат во Собрание, парите се сметани во тој износ, но сеуште не се дојдени во државата јас би сакал да биде така, но не се ни третина мерките од тој износ, далеку е од тоа, реално аплицирани во стопанството, таму се и замислени работи кои се за догодина, наместо слуги на граѓаните ни се лутат граѓаните зашто се разочарани што се однесуваме како стопани на државата, посочи Мицкоски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан