• вторник, 19 ноември 2024

Мицкоски: Ако Бугарија продолжи со своите барања, бараме напуштање на договорот и склучување нов

Мицкоски: Ако Бугарија продолжи со своите барања, бараме напуштање на договорот и склучување нов
Скопје, 21 декември 2020 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара за идентитетот. Ако Бугарија продолжи со своите барања, треба напуштање на овој Договор на Зоран Заев и ќе бараме нов договор, рече во интервју за МТВ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој посочи дека отприлика за една година следи Конгрес на партијата и ако и по Конгресот, како што рече, ситуацијата излезе ваква ќе се побара јасна декларација. - Ќе излезам и ќе побарам јасна декларација дека никогаш нема да преговараме за посебноста на македонскиот јазик, идентитет, историја. А доколку продолжи соседна Бугарија да инсистира на истото, за нас Договорот со Бугарија ќе биде мртов. Еден ваков договор треба да нуди иднина, а не минато. Овој Договор со Бугарија не нуди иднина, рече Мицкоски. Тој заклучи дека доколку продлжат вакви барања од Бугарија кон државава, во тој случај ќе треба да се оди на нов договор. - Ако европските бирократи продолжат да стојат на страна и покрај хегемонистичките и големодржавни идеи на Бугарија и не ги почитуваат нашите заложби за Европската унија, тогаш заклучувам дека не споделуваме исти вредности, треба да се европеизираме сами и да чекаме други гарнитури политичари со кои сме на иста линија, рече Мицкоски. Мицкоски укажа дека доколку европските партнери сакаат, тие треба да и кажат на Бугарија да не споделува вакви, како што посочи, хегемонистички и големодржавни идеи и да ја убедат дека земјава треба да почне преговори. - Не би сакал да верувам дека овие акробации на Бугарија се за една употреба во насока на тоа што следи кај нив за неколку месеци, а тоа се парламентарни избори, заклучи Мицкоски. мс/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан