• среда, 13 ноември 2024

Мицкоски - Бренан: Продолжува добрата соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ

Мицкоски - Бренан: Продолжува добрата соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ

Скопје, 30 март 2023 (МИА) - Постои традиционално добра соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) и таа ќе продолжи да се развива и во иднина за поинтензивна соработка. Ова на денешната средба го заклучија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и директорот на ИРИ за земјава Крис Бренан.

Мицкоски, како што информира ВМРО-ДПМНЕ, истакна огромна благодарност за одличната соработка и поддршката која ИРИ ја дава на партијата.

- ИРИ е наш партнер кој долг временски период придонесува за јакнење на политичките капацитети на ВМРО-ДПМНЕ преку најразлични програми, особено во делот на младинското учество, јакнење и унапредување на активната транспарентноста на партијата и поддршката на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски. 

На средбата присуствувале и членот на ИК и портпарол на партијата Марија Митева, секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски и шефот на кабинет Владимир Нелоски. мд/са/

Остани поврзан