• четврток, 26 декември 2024

Мицковски: „Паразити“ открива дека послушниците на власта имаат двојно поголеми плати од платите на редовен професор

Мицковски: „Паразити“ открива дека послушниците на власта имаат двојно поголеми плати од платите на редовен професор
Кочани, 16 ноември 2022 (МИА) – Со откривањето на аферата „Паразити“на граѓаните им укажуваме дека платите на послушниците на државната власт се двојно поголеми од оние на редовните универзитетски професори, рече лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицковски при денешната посета на општина Зрновци. Одговорајќи на новинарско прашање, нагласи дека за разлика од обичните граѓани кои едвај врзуваат крај со крај, главоклимачите на власта на СДСМ и ДУИ, книжат илјадници евра месечно.
- Навистина многу тешко време е со многу предизвици, пред сѐ економско-социјални, а тие тоа го прават без срам, без ни малку чуство за тоа што граѓаните буквално мизеруваат. И наместо да се солидаризираат, велат мала била директорската плата од 80, 90, 100 илјади денари. Јас сум редовен професор избран 2019-тата година и мојата плата како доктор на науки, кој што треба да биде педагог и образува луѓе е двојно помала од таа. Сега замислете со што заслужил овој слеп послушник и главоклимач на власта да има двојно поголема плата од редовен професор, можеби тројно поголема плата од просечната во државата и неколкукратно поголема плата од работниците кои што 8 саати поминуваат на своите работни места за да ги прехранат своите семејства. Тажно и жално, истакна Мицковски. Тој упати прашање до премиерот Ковачевски како се чувствува додека тие околу него се богатат на грбот на народот. - Не знам како му е сега чувството кога гледа како граѓаните едвај крај со крај врзуваат, а неговите околу него се богатат на грбот на тие граѓани и дали сега има мачнина и тежина во стомакот и дали сега го бодат со нож или тоа само кога ја предава Македонија и тогаш само го има тоа чувство. Тоа сакам да го прашам, овде од Зрновци каде што луѓето споделија со нас многу тажни судбини и навистина се чудам и им честитам како успеваат да се мотивираат и да продолжат понатаму, додаде Мицковски. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, решението за ваквата состојба е сериозна чистка на слепите послушници на власта и нивелиање на примањата во услови на криза за да можат и работниците да го почувствуваат достоинството.та/са/

Остани поврзан