• сабота, 23 ноември 2024

Мицевски: Уставни измени нема да има и ПГ на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на Уставот

Мицевски: Уставни измени нема да има и ПГ на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на Уставот

Скопје, 18 септември 2022 

Уставни измени нема да има и ПГ на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на Уставот. 

Најостро и најкатегорично ја отфрлам грубата манипулција и извртување на вистината која што одредени портали пред малку ја пласираа во јавноста.  

Имено, станува збор за мое интервју дадено за "Радио Слободна Европа", во кое што јасно и недвосмислено говорам за негаторските и асимилаторските политики и негативни последици од штетниот договор со Бугарија. Во ова интервју многу јасно се гледа кои се моите одговори на новинарските прашања, и многу јасно се гледа и слуша дека тие целосно се извадени од контекст и пренесени во јавноста, со делумно изменета и скратена содржина.  

Искрено, не би сакал да се мешам во новинарската професија, но можам да заклучам дека ваквиот проблематичен наслов е изваден од контекст и креиран од пола реченица кој асоцира на нешто друго, без притоа да се пренесе и вториот дел од реченицата, каде што велам дека ние "сме против условувњата кои доаѓаат од Договорот со Бугарија..."  

Нагласувам, вакво тенденциозно и непрофесионално новинарско однесување и пренесување на моите ставови, нема да ги дозволам и прифатам.  

Дека се работи за оркестриран напад врз мене како пратеник и Координатор на П.Г на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, но како и врз ВМРО-ДПМНЕ, потврдува тоа што изминативе денови целата македонска јавност е сведок на паничните и очајните обиди за креирање раздор и дефокусирање на вниманието од реалните проблеми и криминали на власта.

Дополнително, порталот "Радио Слободна Европа" очигледно ја увиде грешката и го промени насловот на интеврјуто, но штетата од ваквото непрофесионално однесување веќе е направена.

Остани поврзан