• петок, 27 декември 2024

Мицевски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат со акција „Пратениците со народот“, ќе посетат 500 села

Мицевски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат со акција „Пратениците со народот“, ќе посетат 500 села
Скопје, 7 мај 2021 Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од утре, 8-ми мај до 30-ти мај почнува со акција под мотото - „Пратениците со народот“ за време на која ќе посетат 500-тини села низ цела Република Македонија. Целта на акцијата е да допреме до секој еден граѓанин во Република Македонија, дури и до тој во најоддалеченото место и ќе биде посетен. Граѓаните бараат и заслужуваат нивниот глас да биде слушнат, предолго време се заборавени, државата наместо за нив, работи за мафијата. Власта е во трка по провизии и местење на тендери, а народот едвај врзува крај со крај.
  1. 60.000 луѓе останаа без работа само во последната година.
  2. 6.200 фирми ставија клуч на врата.
  3. Половина милион луѓе живеат со две евра на ден.
  4. Државата должи над 6.5 милијарди евра, со што секој еден граѓанин е задолжен по 3.263 евра.
  5. Вакцини се чекаа пет месеци.
  6. Над 5.000 наши сограѓани го загубија животот, а поголем дел од нив и заради неспособноста на власта, но и заради немање на вакцини.
  7. Над 150.000 луѓе се заразија, поминаа низ тешки последици, дел од нив се лекуваа и во приватни клиники, а платија и над 10.000 евра, често се позајмуваа, а земаа и кредити.
  8. Идентитетот и јазикот се на напад, а власта молчи.
  9. Тутунарите го предадоа својот тутун по цена за килограм колку една кутија цигари, само затоа што се на раб на егзистенција.
  10. 214 светски криминалци, нарко босови на познати кланови и терористи добивале македонски пасоши од МВР. Нарушен е угледот на државата, погребан е правниот систем.
И да не набројуваме уште, состојбата е алармантна. Народот е при крај со трпение, а пари одамна нема. Секој ден е ден и борба за опстанок. Заев не понуди ништо, Заев им зема се на луѓето. Буџетот е претворен во алатка за богатење преку тендери за фирми блиски до власта или фирми на роднини на функционери. Излегуваме и ќе ја поминеме цела Македонија, бараме поддршка од секој еден граѓанин, заедно и сплотени да го промениме црнилото. Да свртиме нов лист и да донесеме нова надеж, дека може и мора подобро. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан