• среда, 18 декември 2024

Мицевски: Начинот на избор на уставни судии, Уставниот суд го прават неуставен

Мицевски: Начинот на избор на уставни судии, Уставниот суд го прават неуставен
Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - Начинот на избор на уставни судии, Уставниот суд го прават неуставен, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на прес-конференција во Собранието, најавувајќи дека претседателката на собраниската Комисија за избори и именувања ќе добие најмалку интерпелација за кршење на Деловникот и начинот на работа. ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Мицевски ќе бара точката за избор на уставни судии да биде тргната од дневен ред на денешната собраниска седница, посочувајќи дека тоа се прави неделовнички и неуставно и дека  предлогот е за избор на тројца уставни судии и самиот предлог на крај мора да се гласа во целина за тројцата. Изборот на уставни судии, Мицевски посочи дека е почнат во јуни 2021 година и по едно или две продолженија од минатата година 11 или 12 месеци не се закажа Комисија за избор на уставни судии. - Не е проблем на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група што некој 11 или 12 месеци не работел по таа седница. Дополнително самата точка е одлука за избор на три уставни судии. Ние имаме девет предлози, дел од тие се разгледани и за дел од нив е гласано, меѓутоа предлогот на крај во целина се гласа и таквиот извештај се доставува до Собрание. Вака поделено, ниту е завршена работата, ниту може да дојде во оваа ситуација, изјави Мицевски. Овој пратенички состав, според Мицевски може да го фрли и Етичкиот кодекс и Деловникот за работа на собранието. - Завршено е и со Деловникот и со Етичкиот кодекс ако помине ваквиот избор на уставни судии, изјави Мицевски. Во однос на ставот на власта дека процедурите не се прекршуваат, Мицевски рече одлуката е за избро на тројца уставни судии и вака се ускратува правото за гласање за предлогот. - Еве хипотетички, ако власта вели дека може така, зошто веднаш по изборот на првиот судија не го пуштија на Собрание како точка на дневен ред и да го избереме. Изборот на првиот предлог беше пред четири или пет месеци. Зошто не го пуштија тој извештај, порача Мицевски. мс/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан