• четврток, 26 декември 2024

Мицевски: Иако не не известија за продолжување на седницата по 18 часот, остануваме со активен филибастеринг да ги попречуваме во намерата да прошверцуваат закони

Мицевски: Иако не не известија за продолжување на седницата по 18 часот, остануваме со активен филибастеринг да ги попречуваме во намерата да прошверцуваат закони
Скопје, 24 декември 2020  Ова е начинот на работа на оваа нетранспарентна и криминална влада. На исти начин работи и Собранието во доцните вечерни часови. Иако не не известија за продолжување на седницата по 18 часот согласно Деловникот, остануваме со активен филибастеринг да ги попречуваме во нивната намера да прошверцуваат закони надвор од очите на јавноста. Што е толку криминално што на Владата и Заев им се брза вечерва на шверцерски начин да злоупотребат 33 милиони евра народни пари? Ние нема да се откажеме и со сите сили и мерки да го спречеме носењето на ова штетно законско решение. Власта сака на мала врата без доволно информации и консултации со јавноста да се изгласа закон со кој што ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50% во гасоводот во Република Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра. Се поставува прашањето зошто Владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14,2 милиони евра? Зошто Државниот правобранител не сака да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише договорот? Зошто се оди со закон во Собрание, нешто што никогаш претходно не се случило во историја на Република Македонија? Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата прави се со долги говори да ја блокира работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари. Остануваме во Собранието да ги разобличиме сите коруптивни планови на Владата и на оваа криминална власт. Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации  на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан