• четврток, 19 декември 2024

Мицевски: Враќањето на поднесената интерпелација е неосновано и спротивно на Деловникот

Мицевски: Враќањето на поднесената интерпелација е неосновано и спротивно на Деловникот
Скопје, 19 јули 2021 (МИА) -  Сметаме дека враќањето на поднесената интерпелација повикувајќи се на усогласување на членот 136 од Деловникот на Собранието и позитивното право е неосновано и спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија, изјави денеска координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Никола Мицевски. Одговорот на известувањето во однос на вратената интерпелација, посочи Мицевски, е поднесен до претседателот на Собранието и очекуваме службите да го обработат. - Укажуваме дека интерпелацијата и нејзината форма се единствени и дека врз нив не се применуваат одредбите кои што се однесуваат на предлог на закони како што е наведено во самото барање односно не се повикуваат на членот 136 од Деловникот. Членот 136 се однесува на поднесување на предлог на закони, а интерпелацијата и нејзината форма не е предлог на закон, изјави Мицевски. аа/ац/

Остани поврзан