• недела, 24 ноември 2024

Мицевски - Близнаковски: Иницијативи за соработка меѓу Агенцијата за иселеништво и локалните самоуправи

Мицевски - Близнаковски: Иницијативи за соработка меѓу Агенцијата за иселеништво и локалните самоуправи
Крива Паланка, 15 февруари 2021 ( МИА) - Локалните искуства во соработка со други Македонски иселенчки организации е една од темите на кои се разговарало на денешната средба на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија Слободан Близнаковски со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Од општината инфирмираат дека на средбата е разговарано и за иницијативи и можностите за соработка меѓу агенцијата и локалните самоуправи.
- Агенцијата за иселеништво презема иницијатива за поблиска соработка со општините заради формирање системска мрежа за собирање на информации за локални стопански капацитети, нивна промоција и презентација пред иселеничките организации во светот. Во таа  насока неопходно е унапредување на соработката со иселениците, во голем дел и поради промоција на локалните потенцијали и можности за развој на туризмот, рече Близнаковски.
Градоначалникот Мицевски информираше за различните иницијативи од културен аспект што Општина Крива Паланка ги реализира.
- Поради падемијата и мерките и протоколите кои се воведени, голем дел активности останаа нереализирани, но имаме планирани традициионални манифестации и останати културни манифестации за претстојнито период. Неопходно е да се зголеми соработката со иселениците заради промоција на локалните потенцијали и можности  за инвестиции во туризмот и економските бенефити од оваа гранка, но и на потенцијалите за развој на земјоделството и погодностите што ги има овој регион, што може да придонесе за производство и пласирање готов производ, истакна Мицевски.ид/фф/

Остани поврзан