• недела, 24 ноември 2024

Михајлов: По поразите мора да сте големи и да верувате во сѐ

Михајлов: По поразите мора да сте големи и да верувате во сѐ

Скопје, 21 мај 2022 (МИА) - Силекс не успеа да го одбрани трофејот во Купот на Македонија со вчерашниот пораз на пенали (4-3) од Македонија Ѓорче Петров.

Тренерот Горазд Михајлов изјави дека и покрај поразот е задоволен од изданието на клубот оваа сезона.

- Тактички одигравме високо ниво, ја имавме најзрелата шанса на мечот и не ја искористивме. Во секој случај, мораме да бидеме задоволни од она кое го направивме, изјави тој, упатувајќи честитки за Македонија ЃП.

Михајлов посочи дека е задоволен од  играта која ја покажале.

- Овој медал е сребрен, но, за мене е со златен сјај затоа што мислам дека јас лично покажав и докажав со тоа што го направив оваа година со Силекс. Некогаш натпреварите се губат, но, по поразите мора да сте големи и да верувате во сѐ, рече тој. ар/лв/

Остани поврзан