• недела, 24 ноември 2024

Михајлов го напушти Силекс

Михајлов го напушти Силекс

Кратово, 16 декември 2023 (МИА) – Досегашниот тренер на македонскиот фудбалски прволигаш Силекс, Горазд Михајлов, ја напушти должноста која во клубот од Кратово ја извршуваше изминатите две и пол години.

Трикратниот македонски шампион од Кратово е третиот прволигашки клуб по Шкендија и Вардар кој остана без тренер по завршувањето на есенската полусезона во Првата лига.

По 18. одиграни кола Силекс е четвртопласиран на табелата со 27 бодови, 12 помалку од лидерот Струга.

Силекс под водство на 49-годишниот Михајлов дојде до финалето во Македонскиот куп во 2022 година кога беше поразен на пенали (4-3, 0-0) од Македонија ЃП. ег/вг/

ФОТО: Силекс/Фејсбук

Остани поврзан