• среда, 13 ноември 2024

Михаела Алексовска, дел од годинашниот НБА-камп „Кошарка без граници“

Михаела Алексовска, дел од годинашниот НБА-камп „Кошарка без граници“
Крива Паланка, 31 мај 2022 (МИА) – Најдобрата македонска млада кошаркарка, Михаела Алексовска од клубот Крива Паланка, од денес е дел од НБА-интернационалниот камп „Кошарка без граници“ чијшто домаќин е Милано, Италија. Алексовска е првата кошаркарка од државата која доби покана да биде дел од овој престижен меѓународен камп (BWB), програма на ФИБА и НБА за глобален развој со акцент на подобрување на кошаркарските вештини на младите таленти на возраст до 18 години и промоција на: лидерство, образование, спортски дух и здрав живот, како и пријателство, отвореност и почит. Таа ќе биде дел од петдневниот камп кој ги собира врвните млади кошаркарски таленти на возраст од 18 години и помлади од Азија-Пацифик, Европа, Америка и Африка. Учесниците, избрани од ФИБА, НБА и националните федерации учеснички, се среќаваат во градот домаќин, овојпат тоа е Милано, како град каде што требаше да се одржи овој камп во 2020 година, но поради пандемијата со Ковид-19 беше откажан. На кампусот на Бокони универзитетот каде што ќе се реализира „Кошарка без гранции 2022“ на младите кошаркарки и кошаркари ќе им се придружи персоналот на кампот, националниот тим и играчи од НБА, како и други врвни тренери од светот. ид/зс/

Остани поврзан