Митрополитот г. Петар со молитвено и сострадателно сочувство на семејствата на сите настрадани во пожарот во Кочани
- Македонската православна црква – Преспанско-пелагониска православна епархија од името на нејзиниот надлежен епархиски архиереј, митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г. Петар изрази длабоко молитвено и сострадателно сочувство на семејствата на сите настрадани во пожарот во Кочани.

Битола, 18 март 2025 (МИА) - Македонската православна црква – Преспанско-пелагониска православна епархија од името на нејзиниот надлежен епархиски архиереј, митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г. Петар изрази длабоко молитвено и сострадателно сочувство на семејствата на сите настрадани во пожарот во Кочани.
- Нашата татковина Македонија и Македонската православна црква изгуби дел од својата иднина, изгуби млади садници и фиданки, што требаше допрва да се разгрануваат. Од нашата автокефална Македонска црква и нашата самостојна и суверена татковина Македонија глас се слуша, ридање и пискот голем, зашто плачеме над своите чеда и не можеме да се утешиме зашто ги нема, соопштија од Преспанско-пелагониската епархија.
На оние што се борат за живот и се лекуваат во болниците на нашата држава и во болниците ширум светот, Господ лекарот над лекарите да ги исцели и да ги подигне од нивните болеснички постели. По тој повод ширум Преспанско – пелагониска православна епархија, во сите храмови, на 22 март, во сабота, на празникот Младенци, ќе се богослужат заупокоени Св. Литургии за упокоените и вечно живи пред Христа Господа, а за оние кои се лекуваат, ќе се богослужи молебен за нивно побрзо закрепување и оздравување. мт/мд/
Фото: МИА