• сабота, 23 ноември 2024

Митрески: Телефоните на пратениците на СДСМ се јавно објавени и достапни, реакцијата на Николоски и ВМРО-ДПМНЕ е фројдовска

Митрески: Телефоните на пратениците на СДСМ се јавно објавени и достапни, реакцијата на Николоски и ВМРО-ДПМНЕ е фројдовска
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) - Телефоните на пратениците на СДСМ се јавно објавени и достапни на сите граѓани, изјави вечерва координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески за МИА, по изјавата на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ дека имало пратеници од СДСМ на кои денеска им биле одземени мобилните телефони. - Во секое време може да ги побарате, може да ги побараат и од ВМРО-ДПМНЕ, и ќе им одговорат лично на сите прашања. Во целата денешна конструкција очекував да бидат покреативни. Вакви лаги не поминуваат ниту кај децата во предучилишно образование. Исто така, очекував дека денес стоечки ќе го издржат поразот, рече Митрески за МИА. Според него, реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за ова е „фројдовска, затоа што тоа им го прави, и им го правеле на своите пратеници со потпишување меници“. бк/нд/

Остани поврзан