• четврток, 26 декември 2024

Митрески се сретна со италијанскиот амбасадор Силвестри, во фокусот претстојните избори

Митрески се сретна со италијанскиот амбасадор Силвестри, во фокусот претстојните избори

Скопје, 2 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието на Северна Македонија Јован Митрески денеска оствари средба со италијанскиот амбасадор во земјава Андреа Силвестри. 

На средбата, како што информира собраниската прес-служба, беа разменети мислења околу обврските што треба да ги реализира законодавната власт во наредниот период до редовните претседателски и парламентарни избори.

Амбасадорот Силвестри му го честиташе изборот на Митревски за претседател на Собранието, посакувајќи му успешна работа во периодот до изборите.

Митревски го информира амбасадорот дека 11.парламентарни избори што претстојат се први редовни по повеќе години, така што Собранието ќе работи во полн капацитет во периодот што следи, до почетокот на кампањата.

Претседателот на Собранието Митрески посочи дека првата нова пленарна седница е закажана за в среда, 7 февруари, откако новоизбраната преодна Влада го информира Собранието дека остануваат во процедура веќе доставените материјали.

- Соговорниците разменија мислења околу планираните измени во Изборнит законик, според препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Во тој контекст, Митрески информира дека ќе ги распише изборите за претседател и за нов парламентарен состав согласно роковите предвидени со Уставот и Изборниот законик, што би значело кон средината на овој месец, по што Државната изборна комисија треба да го донесе роковникот за спроведување на изборните дејствија, се наведува во соопштението. мд/дма/

Фото: Собрание на Северна Македонија 

Остани поврзан