• вторник, 24 декември 2024

Митрески: Ќе предложиме измени на Законот за високото образование за регулирање на коефициентот за плата во јавните високообразовни установи

Митрески: Ќе предложиме измени на Законот за високото образование за регулирање на коефициентот за плата во јавните високообразовни установи

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Јован Митрески на денешната редовна понеделничка координација со првите луѓе на пратеничките групи донеле одлука да се предложат измени на Законот за високото образование, со кои, се очекува, да се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи.

-Со цел да ја надминеме нерамноправната положба на вработените во петте државни универзитети: „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“, како и во Универзитетот „Мајка Тереза“, на денешната координација донесовме одлука да предложиме измени на Законот за високото образование, со кои ќе се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи, со што ќе се обезбеди соодветно покачување на платите за сите, напиша Митрески на својот Фејсбук профил.

На овој начин, посочува тој, го унапредуваме стандардот на сите вработени во високообразовната дејност, но и инвестираме во образованието и во иднината на младите генерации.

Митрески ги повикува сите пратеници да го поддржат ова законско решение, бидејќи, како што вели во образованието е прашање за кое е неопходен консензус и за кое нема простор за политички или партиски калкулации.

Министерството за образование и наука објави повик за доделување парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки

Министерството за образование и наука (МОН) денеска во врска со протестот на петте јавни универзитети, кои бараат потпишување на колективен договор, за МИА потврди дека ја поддржуваат секоја идеја за зголемување на платите и доколку постои волја во Собранието за негово потпишување, како институција ќе учествуваат во преговорите.

-МОН и министерот Јетон Шаќири ја поддржуваат секоја идеја за зголемување на платите на вработените во образовните институции без разлика дали се во основното, средното или високото образование. Со оглед на тоа што основач на државните универзитети е Собранието, доколку таму постои волја за потпишување колективен договор и со другите универзитети, освен со УКИМ, како институција ќе учествуваме во преговорите, затоа што наставно – научниот кадар заслужува повисоки плати, потенцираат од МОН.

Членовите на синдикатите на петте државни универзитети „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“ и „Мајка Тереза“ во Скопје на денешниот мирен протест побараа потпишување на колективен договор на петте јавни универзитети и изедначување на правата, обврските и одговорностите со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

Тие го поздравија потпишувањето и спроведувањето на колективниот договор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, но истовремено укажаа на нееднаквиот статус на останатите пет јавни универзитети во земјата. Сметаат дека се игнорирани и дискриминирани од Владата и Собранието во однос на УКИМ, чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.фф/ев/

Фото: Собрание на РСМ/МИА Архива

Остани поврзан