• четврток, 19 декември 2024

Бојмацалиев: Пратката од 140.000 обрасци за патни исправи пристигнува, наскоро уште една пратка од 85.000 обрасци

Бојмацалиев: Пратката од 140.000 обрасци за патни исправи пристигнува, наскоро уште една пратка од 85.000 обрасци

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев најавува дека нови 140 илјади обрасци за патни исправи пристигнуваат во земјава, а за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85 илјади обрасци. 

- Би сакал да ве информирам дека пратката од 140.000 обрасци за патни исправи, како што најавив, е подготвена и е на пат кон Република Северна Македонија. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600. Никој ниту сега ниту порано саботираше некого. Ние сме тука за нашите граѓани „МВР ЗА ГРАЃАНИТЕ”, вели Бојмацалиев во објава на Фејсбук. бак/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан