• петок, 27 декември 2024

Митевски: Петровец ќе стане вистинска европска општина 

Митевски: Петровец ќе стане вистинска европска општина 
Скопје, 6 октомври 2021 (МИА) - На вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Петровец, кандидатот за градоначалник Борче Митевски, истакна дека сè што ветил исполнил, а сега ветува изградба на нов културен дом, нова општинска зграда, асфалтирање на преостанатите улици, спортски сали, пречистителни станици за отпадни води, две нови градинки, велосипедски патеки, за Петровец да стане европска општина. - Во иднина ќе продолжиме да се почитуваме како сограѓани, без разлика на верска или политичка определба, во изминативе години изградивме многу проекти, изградивме канализациони мрежи, пешачки патеки, санација на културниот дом во Сушица, месната заедница во Катланово и во Огњанци, поплочивме голем број улици, направивме три индустриски зони со што општина Петровец стана број еден општина по привлекување на нови инвестиции во Македонија, а со тоа ја направивме општината финансиски јака и стабилна, порача Митевски. Митевски истакна дека ќе изградат нов културен дом, нова општинска зграда, две нови градинки една во Ржаничино, една во Долно коњари, нова спортска сала во Огњанци, нови пречистителни станици за отпадни води во Петровец и во Ржаничино, нова местна заедница во Средно Коњари, нови велосипедски патеки, како и оти ќе извршат асфалтирање на сите преостанати улици во сите населена места. Додаде дека ќе се грижи за младината со поддршка на сите културно уметнички друштва, со нови велосипедски патеки, спортско-рекреативни патеки, проширување на неколку училишта со дополнителен број на училници, со спортски сали таму каде што нема, градинки и се она кое недостасува во Петровец. мс/са/

Остани поврзан