• недела, 28 јули 2024

Митевски: Нов културен дом, нова општинска зграда, детски градинки и спортска сала во Петровец

Митевски: Нов културен дом, нова општинска зграда, детски градинки и спортска сала во Петровец
Скопје, 1 октомври 2021 (МИА) - Во дворот на општина Петровец ќе изградиме нов современ културен дом, како и нова општинска зграда, изјави Борче Митевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Петровец. За потребите на учениците од населено место Огњанци, како што рече, ќе изградат нова спортска сала. - Мислиме и за најмладите, најмилите, за дечињата од населеното место Ржаничино и од населеното место Долно Коњари ќе изградиме детски градинки.Во изминатиов период реализиравме голем број на проекти кои се значајни за вас мои сограѓани, но тука нема да застанеме. Со реализација продолжуваме и во следниот мандат, рече Митевски. Додаде дека продолжуваат да инвестираат на сите полиња. мс/дма/

Остани поврзан