• петок, 27 декември 2024

Митева: Целта на ВМРО-ДПМНЕ е поразлична - да има повеќе за сите граѓани

Митева: Целта на ВМРО-ДПМНЕ е поразлична - да има повеќе за сите граѓани
Скопје, 8 февруари 2022 СДСМ да се грижеше вистински за граѓаните и економијата, државата немаше да се соочува со економска и енергетска криза. Инфлацијата во државата се повеќе расте, а граѓаните едвај крај со крај врзуваат. Секогаш кога СДСМ е на власт државата се соочува со економски колапс, затворени фабрики, пропаднати бизниси и криминални афери. Граѓаните секојдневно сведочат на расипничко и недомаќинско работење од страна на Владата на СДСМ – ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во Македонија е за секоја мерка што ќе значи зачувување на стандардот на граѓаните. Но, имајќи ја во предвид целокупната ситуацијата односно дека инфлацијата расте, растат трошоците за живот, за прехранбени производи, растат цените на енергенсите како електричната енергија, гасот, горивата. Меѓутоа од иста страна компаниите исто така се погодени од ценовниот шок, растат и останатите трошоци за производство и цените за останатите репро материјали и суровини. Од друга страна, придвижувањата на глобално ниво се исто така показател кој предвидува дополнителен ценовен шок односно имаме застој на испорака, зголемени транспортни трошоци, а на сето ова придонесува и пандемијата од Ковид19 која предвидува дополнителни трошоци. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе биде согласна за компромисот кој го постигнаа работодавачите и синдикатот, но во исто време пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман на Законот за минимална плата, во кој што ќе побараме и останатите плати во јавниот сектор да растат согласно растот на минималната плата. Од таа причина очекуваме власта веднаш да направи ребаланс на буџетот со кој ќе се зголемат и дотациите на општините од страна на Владата за целосно да се почитуваат правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата. Преку амандманската интервенција на Законот ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места кога ќе се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е поразлична - Да има повеќе за сите граѓани, а помалку за корумпираната Влада на СДСМ и ДУИ! Прашање од ТВ Алсат - Ковачевски се согласува за укинување на техничката влада под услов избори да има во 2024 година. Дали ова е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ? Одговор: Решението кое е трајно се избори, се друго е одложување и продлабочување на проблемите. ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за предвремени парламентарни избори што поскоро. Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан