• сабота, 21 декември 2024

Митева: Осуда за сексистичкиот напад врз професорката Силјановска стигна и од Дорис Пак 

Митева: Осуда за сексистичкиот напад врз професорката Силјановска стигна и од Дорис Пак 

Скопје, 15 април 2024

За жал и лошите вести брзо се шират. Огромна благодарност за поддршката до нашата ценета и почитувана Дорис Пак, поранешна претседателка на организацијата на жени на Европската народна партија (EPP Women), поранешна пратеничка во Европскиот парламент и актуелна претседателка на Институтот Роберт Шуман.

„Јас сум денес на конференција во Косово, но слушнав за овој срамен инцидент, во рамки на изборната кампања на СДСМ во Куманово. Активист искажал сексистички навреди кон Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, прекрасна жена, високо почитувана, која е кандидат за претседател на државата. И таа би била добро лице, репрезент на вашата држава. Таа е навредена од активист, а уште поголем проблем е тоа што никој од другите активисти или политичари не реагираа. Јас очекував дека барем Претседателот на државата би реагирал и би го осудил тоа. Ништо од тоа не се случи. Ова е срамно. И можам да кажам дека ова не е во корелација со човечки и Европски вредности“.

Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан