• вторник, 24 декември 2024

Митева: На МЕПСО клучна функција му биле донации на спортски клубови наместо пренос на електрична енергија

Митева: На МЕПСО клучна функција му биле донации на спортски клубови наместо пренос на електрична енергија

Скопје, 17 септември 2024 

Денеска и утре ќе објавиме зошто енергетскиот сектор во Македонија е на дното и како и на кој начин се трошеле државните пари секаде каде што не било неопходно.

Пред да започнеме со деталите, да ја потсетиме јавноста само на последниот скандал - 14 милиони евра долг отпиша претходното раководство на МЕПСО.

14 милиони евра долг беше отпишан затоа што должник е синот на Муса Џафери и други блиски фирми на СДС и ДУИ.

А каде завршувале народните пари? На име донации и спонзорства АД МЕПСО согласно план и анализа за 2024 година предвидела вкупно 12.300.000 денари, а потрошила односно донирала и спонзорирала 22.712.500 денари. Донациите и спонзорствата се следни:

Фитнес клуб Динамик Скопје добило 200.000,00 денари? Зошто и каква е поврзаноста на надлежноста на МЕПСО со донации и спонзорства на фитнес клуб?

Понатаму, 100.000 денари донација на Македонско стоматолошко друштво МСД Скопје. Како, зошто и кој е основот за оваа донација? Кој е општествениот бенефит од оваа донација?

Примател на донација или спонзорство е и Шкендија-Арачиново со исплата на 08.03.2024 во износ од 300.000 денари. Дали раководството на АД МЕПСО добило карти во ложа за да го проследи натпреварот за цела сезона на овој клуб? Или пак, на КК Башким? Затоа што и за овој клуб се доделени средства во износ од 250.000 денари во месец март оваа година?

Почитувани, ова се делата кои зад себе ги оставија СДС и ДУИ. Трошење без усул, без цел и план, затоа Македонија е на ова дно.

Двете клучни функции на АД МЕПСО се пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем. Основна дејност на МЕПСО е оптимален и одржлив развој на електропреносниот систем со цел да се задоволат потребите од електрична енергија на корисниците со минимални трошоци и секако со задоволување на еколошките барања во државата. Затоа Македонија немаше стабилен енергетски систем, затоа имавме покачување на сметките на електрична енергија, затоа бевме ограбена држава. Затоа што наместо за граѓаните народните пари се трошеле ненаменски и залудно.

Утре продолжуваме со објавување на листата за донации и спонзорства, а за ова одговорност мора да има!

Марија Митева 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ 

 

 

Остани поврзан