• недела, 24 ноември 2024

Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024

Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските надлежности на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветствуваат еден со друг. Ова на денешната прес-конференција го соопшти портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева. 

Таа информира дека Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година, како и стан од 130 метри квадратни, стекнат како подарок во 2016 година. Додека, пак, како што рече, на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.

- Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година, кој исто така не го пријавил додека бил министер; два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во анкетниот лист додека бил министер; и стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер, информира Митева. 

Очигледно е дека во 2024 година Венко Филипче, како што нагласи, навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори. - Зошто не е пријавен тоа треба самиот Филипче да одговори, а институциите да истражат, порача Митева. мд/дма/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Остани поврзан