• петок, 27 декември 2024

Митаракис го информирал Короши за мигрантската политика на Грција и потребата Турција да ги заштити границите

Митаракис го информирал Короши за мигрантската политика на Грција и потребата Турција да ги заштити границите
Атина, 28 октомври 2022 (МИА) – Турција треба да ги заштити своите граници и да обезбеди, онаму каде што е потребно, меѓународна заштита, согласно меѓународното право. А особено треба да избегне инциденти, како неодамнешниот со 92-та мигранти, кои Фронтекс и грчките власти ги пронајдоа голи, протерани од соседните власти, рече министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис по средбата во Њујорк со претседателот на Генералното Собрание на ОН Чаба Короши, јави дописничката на МИА од Атина. Митаракис го информирал Короши за мигрантската политика што ја следи Грција и ја истакнал потребата за разбивање на мрежите на криумчарите, потенцирајќи дека Грција „секојдневно спасува луѓе на копно и на море“. -Грција ја врши својата должност. Но, не прифаќа обиди за инструментализација на  мигрантското прашање, како што видовме на неодамнешното генерално собрание од турскиот претседател, рече Митаракис. Додаде дека миграцијата е прашање со кое „треба да се справиме со почитување на човечкиот живот, обврските на државите и меѓународното право“, како и со меѓународна соработка, со заштита на границите и борба со криумчарите. ср/сд/

Остани поврзан