• петок, 27 декември 2024

Митаракис ги повика Грците да покажат солидарност за бегалците

Митаракис ги повика Грците да покажат солидарност за бегалците
Атина, 25 септември 2020 (МИА) – Грција да ја покаже солидарноста што ја покажува Европската Унија за бегалците кои треба да бидат релоцирани, побара министерот за азил на Грција Нотис Митаракис, по острите реакциите од локалното население во градот Камена Вурла, кои се против привременото сместувањето на 39 деца бегалци без придружба, јави дописничката на МИА од Атина. -Во соработка со земјите членки на Европската Унија, нашата земја започна амбициозна програма за релокација на ранливи групи, семејства и деца без придружба. Во рамките на оваа програма некои бегалци се префрлени во хотели во континентална Грција, каде што ќе останат неколку седмици додека да бидат издадени нивните документи. Треба целата земја да покаже солидарност, како солидарноста што ја покажува Европската Унија во релокацијата на малолетните деца, рече Митаракис. Пораката од министерот доаѓа по реакциите од локалното население, откако во средата, во Камена Вурла, во централниот дел на Грција пристигнаа 39-те деца бегалци без придружба, за привремено да се сместат во хотел изнајмен од невладина организација. Локалното население одржа протести, блокираше улици, а синоќа, според медиумите, спречиле автобус со храна за децата да стигне до хотелот. ср/

Остани поврзан