• петок, 08 ноември 2024

Мисијата на „Спејс-Икс“ се одлага поради проблеми со костимите

Мисијата на „Спејс-Икс“ се одлага поради проблеми со костимите

Вашингтон, 27 август 2024 (МИА) - Мисијата со четири лица „Поларна зора“ (Polaris Dawn) на „Спејс-Икс“ ќе биде одложена најмалку еден ден поради истекување на хелиум во опремата. Компанијата го објави тоа денеска, неколку часа пред планираното полетување на капсулата „Кру драгон“ (Crew Dragon) од вселенскиот центар „Кенеди“.

„Тимовите го истражуваат истекувањето хелиум, а екипажот сѐ уште е подготвен за повеќедневната вселенска мисија“, се наведува во соопштението.

Главниот дел од петдневната мисија би требало да биде 20-минутно излегување во Вселената - на 700 километри од Земјата, што ќе биде најдолгото излегување досега. Инаку, првото излегување во Вселената на американски космонаути било изведено во 1965 година, со капсулата „Гемини“.

Слична процедура е планирана и за „Поларна зора“, но се случи незгодата.

Екипажот на мисијата ќе ги тестира и новите, тенки вселенски костими на претстојното излегување во Вселената. Милијардерот Џеред Ајзакмен, пензионираниот потполковник на воздухопловните сили на САД, Скот Потет, пилотот на мисијата, Сара Гилис и астронаутката Ана Менон ќе го почувствуваат и искусат вселенското пространство.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан