• сабота, 28 декември 2024

Мисијата на ОБСЕ во Скопје презентира онлајн курс за дигитална безбедност за новинарки

Мисијата на ОБСЕ во Скопје презентира онлајн курс за дигитална безбедност за новинарки
Скопје, 2 ноември 2021 (МИА) - Со цел да им помогне на професионалните жени во медиумскиот сектор да развијат пристапи за дигитална безбедност што ќе ги чуваат безбедни на Интернет, Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска го започна својот онлајн курс за дигитална безбедност. - Денес, на Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата против новинарите, го лансиравме нашиот курс кој им помага на новинарките да ја подигнат својата свест за постоечките ризици на интернет и да ги подобрат своите навики за дигитална безбедност. Само заштитени, безбедни и зајакнати медиумски професионалци можат да помогнат да се изгради општество што ќе се потпира на демократските вредности, како и да понудат разновиден и навремен пристап до информации, рече Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Курсот се фокусира на конкретни предизвици со кои се соочуваат новинарите и онлајн и офлајн, вклучувајќи закани, говор на омраза, вознемирување, заплашување, клевета и други поврзани ризици. Лекциите комуницираат ефективни начини за спречување и справување со нападите, како и поврзаниот психолошки стрес, а вклучително и предизвиците со Ковид-19. По завршувањето на курсот, како што соопшти Мисијата на ОБСЕ во Скопје, новинарите во Северна Македонија и пошироко ќе можат да ги подобрат своите навики за дигитална сигурност, следејќи безбедни практики и планирајќи го својот одговор при можни инциденти. Мажите новинари кои се соочуваат со безбедносни предизвици, исто така, се охрабруваат да го проверат курсот на следниот линк: https://elearning.osce.org/courses/course-v1:OSCE+OMSk-DSFJ-MK+2020-12/about]. нд/лв/

Остани поврзан