Мисајловски: Процесот на проширување на ЕУ премногу трае
- Некои земји час поскоро треба да влезат. Ова со години се кажува, прозорец на можности има, но постојано се вели дека нешто дополнително треба да направиме. Но, премиерот постојано истакнува што е направено овие 30 години за ние уште да бидеме во чекалната, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Скопје, 16 февруари 2026, (МИА) -Процесот на проширување премногу трае и дека некои земји час поскоро треба да влезат. Ова со години се кажува, прозорец на можности има, но постојано се вели дека нешто дополнително треба да направиме. Но, премиерот постојано истакнува што е направено овие 30 години за ние уште да бидеме во чекалната, изјави во своето гостување во Топ Тема на Сител телевизија министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Една од главните теми во ЕУ е безбедносната политика, и тука се спојуваат интеграциите и безбедносната политикавели Мисајловски.
-Една од главните теми што сега е отворена во ЕУ е одбранбената политика. Да имаат заедничка безбедносна политика во некое заедничко вложување. Ние како Министерство и јас како министер постојано го отворам ова прашање бидејќи тука се спојуваат евроинтеграциите со заедничката безбедносна политика и ние сме усогласени со таа безбедносна политика, вели министерот.