• среда, 25 декември 2024

Мисајловски: Над 80 отсто од граѓаните се незадоволни од состојбата во правосудството

Мисајловски: Над 80 отсто од граѓаните се незадоволни од состојбата во правосудството
Скопје, 1 јули 2020 (МИА) - Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, кој е  носител на листата кандидати за пратеници во Втората изборна единица во гостување на ТВ 21 вечрева  рече дека во Македонија нема правда, туку само криминал и корупција. - Сакам конечно сите криминалци да завршат таму каде што им е местото. И повторувам одговорност за сите без исклучок. Секој ден слушаме за рекет, за тоа како се организира прогон врз ВМРО-ДПМНЕ и врз други луѓе кои не размислуваат како оваа власт. Преку 80 проценти од граѓаните се незадоволни токму поради состојбата во оваа област. За тоа се криви сите политичари до сега. И доста зборуваме за оние крупни политички одлуки, обичниот граѓанин не може да заврши обичен процес низ сите оние лавиринти низ правосудството, рече Мисајловски. Во нивната програма, рече, бараат испитување на потекло на имот на сите политичари и тоа мора веднаш да се направи. Но притоа, рече, да не се заборави дека високата корупција мора да се процесуира низ институциите, но не треба да се заборават граѓаните и нивните проблеми. Според него, власта досега можела многу да направи освен да гони една политичка партија. Обракајќи се на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, носител на листа на кандидати за пратеници во ИЕ 2, Мисајловски рече дека СДСМ е на власт, а се однесува како опозиција, прашувајќи го зашто не направиле ништо за овие три години на власт. Мисајловски укажа за да не се грижат граѓаните за иднината треба да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, за да не бидат сведоци повторно на виртуелни проекти. Тој стави акцент на проектите кои партијата ќе ги реализира во четиригодишниот мандат. -Започнав со позитивна кампања така и продолжувам и сакам да ги претставам тие околу 1000 проекти, тие значат обнова на инфраструктура, на достоинството, обнова на семејните вредности повеќе средства за граѓаните, а се разбира и многу капитални инвестиции, за граѓаните говориме за повисоки плати, за повисоки пензии, најавиваме дека младите треба да си го најдат местото тука. рече Мисајловски. Мисајловски во дебатата му одговори на техничкиот премиер, Оливер Спасовски кој е носител на ИЕ 2 од СДСМ. -Мислев дека ќе биде поинаку, но продолжува техничкиот премиер по старо. Кога одите кон Куманово тој пат го направи ВМРО-ДПМНЕ, јас ветувам реални проекти, а не виртуелни како вас. Вие најавувате дека постои нов клинички центар, а не постои, исто како што најавувате 100 илјади денари плата за докторите, и тие не постојат, велите 500 километри автопати, а тие не постојат. Ако вие навредувате, јас нема да ве навредам“, рече Мисајловски кој укажа дека проектите на ВМРО-ДПМЕ се видливи.хс/скс/

Остани поврзан