Мисајловски во посета на касарната во Кичево
- Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево ќе ги посети припадниците на Првиот пешадиски баталјон на Армијата.

Кичево, 12 март 2025 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево ќе ги посети припадниците на Првиот пешадиски баталјон на Армијата.
Покрај министерот, ќе присуствуваат и заменик министерката за одбрана Елфет Исмаили, заменик началникот на Армијата генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
За време на посетата ќе биде извршен увид во градежните зафати кои се извршуваат во касарната. дма/бак/
Фото:МИА архива