• среда, 27 ноември 2024

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ линеарно ќе ги покачи пензиите за 5.000 денари на сите пензионери

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ линеарно ќе ги покачи пензиите за 5.000 денари на сите пензионери

Скопје, 10 април 2024

Пред се би сакал да го честитам денешниот празник Рамазан Бајрам, да посакам многу среќа, бериќет и успешна година, но се разбира и година на промени за подобра и горда Македонија.

Денеска сме во Гази Баба каде што ќе имаме повеќе средби. Во моментот привршуваме со прекрасна средба со пензионери каде што можевме да ги слушнеме постарите и повозрасни лица каде навистина е тешко да се слушаат тие емоции од нивна страна бидејќи навистина со мали пензии, недоволно средства тешко е да се живее.

Она што најмногу ги мачи пензионерите е со нивните мали пензии немаат доволно средства да си ги купат своите намирници, но најголем проблем е како да си ги купат сите лекови кои им се потребни месец за месец.

Затоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за многу скоро време после 8 мај, ќе започне со проект кој го ветуваме на сите пензионери, а тоа е зголемена пензија линеарно за 5.000 денари на сите пензионери.

Затоа сакам да ги повикам граѓаните на 24 април, а потоа и на 8 мај сите заеднички да излеземе што повеќе и да дадеме поддршка за Гордана Силјановска Давкова, а потоа и за нова влада на 8 мај формирана од ВМРО-ДПМНЕ, за поголеми пензии, за поголеми плати, за подобра економија за подобар стандард. Време е за промени.

 

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан