• вторник, 24 декември 2024

Мисајловски: Власта прифатила сите грешки кои ќе се јават при проектирање на Коридорот 8 да паднат на товар на ЈПД

Мисајловски: Власта прифатила сите грешки кои ќе се јават при проектирање на Коридорот 8 да паднат на товар на ЈПД

21 април 2023

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во гостување во Вечерното шоу на Богдан Илиевски на Алфа ТВ, говорејќи за договорот и предлог новите закони со Бехтел и Енка за автопатите истакна дека меѓу најспорните моменти во договорот е тоа што за арбитража ќе важи законодавството на Англија и Велс што апсолутно неповолно за Македонија и тоа што според информациите сите грешки што ќе бидат во проектот ќе ги сноси како последица Јавното претпријатие за државни патишта.

„Она што го има наводно во договорот е дека законодавството што утре ќе биде на арбитража ќе биде на Англија и Велс, така се договориле и тоа е многу интересно. Ова го побарува компанијата Бехтел, бидејќи таа е една од најдобрите компании и знае дека има проблеми со арбитража. Со една ставка вие може утре да имате арбитража во градбата и они се разбира си го одбрале тоа што е најповолно за нив, но апсолутно не е поволно за Македонија и е сосема различно од реалноста, но тоа они го прифатиле и сега велат нема да го покажеме договорот. За ова да не се види? Еве ако не стои така добро, нека не демантираат. Нека кажат еве на пример дали во проектирањето, кога ќе се проектира, грешките што ќе се проектираат ќе бидат на изведувачот или на инвеститорот. Јас имам информација дека сите грешки што ќе бидат во проектот ќе ги сноси како последица Јавното претпријатие за државни патишта, а они немаат увид на ништо. Казните и пеналите ќе ги плаќа јавното претпријатие“,истакна Мисајловски.

Тој исто така додаде дека според информациите во договорот со Бехтел и Енка нема наведено посебни лаборатории каде што се испитуваат сите елементи кои треба да бидат вградени, па стандардите ќе бидат тие што ќе ги каже Бехтел и Енка.

„Во секој ваков проект има посебни лаборатории за сите елементи што се потребни да се вградат се испитуваат. Наводно во овој договор нема такво нешто. Стандардите, сите што ќе ги каже Бехтел и Енка тие ќе бидат. И ако утре не дај боже е технички нешто погрешно и некој да го обжали тоа, во договорот стои дека немаат право бидејќи Бехтел и Енка тогаш ќе каже кој е правиот стандард“, потенцираше Мисајловски и додаде:

„Ви текнува приватизацијата што се направи тука и што го болеше секој еден во државата. Таа приватизација со закон се направи. Се донесе закон и се направи. Ова они што го прават со овие закони моментално ќе направат пљачка на векот и ќе направат штета на векот, но ако бидат разумни да ги послушаат сите коментари што ги имаме, предлози и да има дискусија за да ги подобриме сите овие работи, тогаш можеме да зборуваме за нешто подобро“, заклучи Мисајловски.


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан