Мирна новогодишна ноќ во Струга
- Мирна Новогодишна ноќ во Струга и струшко, со само едно нарушување на јавниот ред и мир. Брзата помош со вообичаени интервенции.
Струга, 1 јануари 2024 (МИА) - Мирна Новогодишна ноќ во Струга и струшко, со само едно нарушување на јавниот ред и мир. Брзата помош со вообичаени интервенции.
Полицијата, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, регистрирала само едно нарушување на јавниот ред и мир на улицата „Боро Дуни“ во Струга.
- Во 4 часот и 30 минути на улицата „Боро Дуни“ регистрирана е тепачка меѓу две лица, едниот од Струга, а другиот од струшкото село Боровец. Најпрво настанала вербална расправија, а потоа и физичка пресметка. Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски.
Струшката Брза помош новогодишната ноќ ја поминала со редовни интервенции и мало згоемување во однос на претходните вечери. За МИА информираат дека се евидентирани над 20 интервнеции, повеќето со висока температура и висок притисок, а интервенирале и на една тепачка.
Организиран дочек на Градскиот плоштад и годинава немаше, но стружани највеселата ноќ ја поминаа во кафулињата и рестораните, како и во домашна атмосфера. сс/дма/
Фото: МИА архива