• недела, 28 јули 2024

Мирен протест на студентите во Атина против полициското насилство (фото) 

Мирен протест на студентите во Атина против полициското насилство (фото) 
Атина, 28 мај 2022 (МИА) – Стотици студенти организирани од студентски здруженија попладнево во Атина одржаа мирен протест против полициското насилство и присуството на полицијата на Универзитетите, јави дописничката на МИА од Атина. Повредениот студент во Солун во четвртокот, во инцидентите со полицијата пред Универзитетот Аристотел беше една од причините за денешниот протест, како и универзитетска полиција, која наскоро се очекува да биде распоредена на факултетите. Со слогани против полицијата и против Владата, студенти, претежно левичарски ориентирани, протестираа низ улиците во Атина и пред грчкиот Парламент, а протестот заврши мирно. ср/   Фото: МИА  

Остани поврзан