• недела, 06 октомври 2024

Миовски со два гола го предводеше Абердин во победа над Ливингстон

Миовски со два гола го предводеше Абердин во победа над Ливингстон

Абердин, 21 декември 2023 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ги постигна двата гола синоќа во победата на Абердин над Ливингстон.

Ова беше натпревар од 12. коло на шкотската Премиер лига. 

Гостите први дојдоа во водство, но Македонецот погоди за изедначување во финишот на првиот дел, додека во 65. минута ги постави конечните 2:1.

За Миовски ова беше осми погодок во тековната сезона во шкотското првенство.

Абердин по 16 натпревари има 19 бода и во моментов се наоѓа на осмата позиција на табелата. зс/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан